Поплавите во последните 24 часа, кои создадоа сериозни проблеми во Тропоја, го зафатија и Косово.
Драматични фотографии објави поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој ја повика владата на Курти итно да интервенира и да излезе на страната на најпогодените жители на Ѓаковица и Раховец.
„Загрижен од ситуацијата создадена во Ѓаковица и Раховец по штетите предизвикани од поплавите“, вели Харадинај и додава дека штетите опфатиле станбени куќи, домаќинства, деловни објекти, јавни простори и објекти и земјоделско земјиште.
Тој посочи дека им даваат поддршка на градоначалниците на општините Ардијан Ѓини и Смајл Латифи како и на штабовите за вонредни состојби на општините Ѓаковица и Раховец, во нивните напори да бидат блиску до граѓаните погодени од оваа елементарна непогода.
„Истовремено бараме итна интервенција од централните институции во Приштина и директна поддршка за покривање на настанатите штети“, подвлекува Харадинај.