Страшна снимка кружи на интернет.
Морбидно и тажно видео од гробишта во Србија предизвика големо чудење на социјалните мрежи.
На видеото се гледа изобилство храна, но и роденденски балони, поставени на гробот на младо момче за неговиот 18-ти роденден, кој не доживеал да го прослави.
Станува збор за млад човек роден 2004 година, кој починал во 2021 година, на 17-годишна возраст.
Видеото предизвика различни реакции.
znam da je neki rodjendan ali samo da kažem da nisam znala da ljudi ponesu hranu na groblje i tamo jedu kad su zadušnice ja sam i dalje u shoku pic.twitter.com/EBHnpKc8l9
— fikus (@esuspomogy) September 16, 2022
Додека некои коментираат дека на починатите не треба да им се слават родендени, други сметаат дека на луѓето треба да им се дозволи да тагуваат како што сакаат.
Инаку, по обичај задушница се одбележува со носење храна на гробовите. Тие секогаш паѓаат во сабота, бидејќи тоа е денот кога се сеќаваме на мртвите во текот на целата година.
За задушница задолжително е да се оди на гробиштата. Зрното се осветува, гробот се разгорува и се палат свеќи за упокојување на душите на починатите.