Балкан

Цената на струјата во Бугарија е најскапа во Европа

Цената на струјата во Бугарија е најскапа во Европа

„Приходите ни се пониски бидејќи животниот стандард ни е понизок. Единствениот начин на кој тоа може да се надмине е со повисок економски раст, поголема продуктивност и подобра конкурентност. Ова се економските реалности. Протестите на улиците нема да го решат ова, ниту да го променат“.

Ова за Нова Бугарија го соопшти Милена Ангелова од АКИБ.

„Работите треба да се решаваат со дијалог. Подготвени сме да разговараме за ова со најголемо задоволство. Состојбата е тешка за сите, но уште потешка е за бизнисите. Галопирачките цени и на струјата и на гасот го оневозможуваат работењето“, додаде таа.

Таа исто така рече дека Бугарија е една од трите земји во Европската унија со највисока стапка на раст на платите, заедно со Литванија и Романија.

„Во Бугарија цената на струјата е невидено највисока во Европа. Најбрзата мерка што може да се преземе за зголемување на приходите е сигурно и стабилно надоместување на цените на струјата“, рече Ангелова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни