Балкан

Бугарија ќе екстрадира руски хакер во САД

Бугарија ќе екстрадира руски хакер во САД

Окружниот суд во Лагоевград нареди итна екстрадиција во САД на 34-годишниот хакер, кој беше уапсен пред три месеци во Банско. На рускиот државјанин, кого ФБИ и Интерпол го бараат повеќе од 10 години, судот во Калифорнија му подигна обвинение, објави БНР.

34-годишниот хакер е уапсен при специјализирана операција на одделот за „Сајбер безбедност“ на Службата за државна безбедност. Службите имале оперативни податоци дека рускиот државјанин кој работи во Банско го посетил Coworking – центарот во Банско, едно од најпреферираните места за дигитални номади.

Хакерот извршил криминални активности во голем број земји, инфицирајќи компјутери, преземајќи лични податоци на луѓе и продавајќи ги, успеал да пробие дури и во добро заштитени системи на специјализирани државни институции.

Во 2019 година, тој беше обвинет од властите во сојузната држава Калифорнија, а по притворот во Бугарија, американското Министерство за правда испрати барање за негова екстрадиција.

Во понеделникот тричлениот совет на Окружниот суд во Благоевград дозволи итна екстрадиција за кривично гонење на 34-годишен руски државјанин врз основа на обвинението поднесено против него.

Одлуката е конечна и не е предмет на жалба или протест.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни