Балкан

Путин попрво би умрел отколку да го признае поразот, вели екс претседателката на Хрватска

Путин попрво би умрел отколку да го признае поразот, вели екс претседателката на Хрватска

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во настап во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, оцени дека е малку веројатно Владимир Путин да се откаже од војната, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна.

Иако војната ја ослабе руската економија и армија, Грабар-Китаровиќ смета дека Путин попрво би умрел отколку да го признае поразот.

„Не е точно дека санкциите немаат ефект, имаат. Но, Путин е личност која никогаш не би го признала поразот. Тој попрво би умрел“, рече таа.

Бидејќи Украина исто така нема да отстапи ни педа од суверена територија, а и Путин нема да отстапи, Грабар-Китаровиќ смета дека борбите ќе продолжат.

„Најдоброто за кое можеме да се надеваме сега е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција да ја преземе цела Украина“, заклучи Колинда, пренесува Индекс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни