Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

Товарно возило излетало од патот, паднало во бездна и се запалило – страшна несреќа на патот Гостивар – Кичево

СВР Тетово информира дека денеска во 12 часот и 15 минути е пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни