Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

Арсовска најави: Денеска ќе бидат објавени новите директори на јавните претпријатија

Арсовска најави: Денеска ќе бидат објавени новите директори на јавните претпријатија

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија.

– Постапката е завршена, ќе бидете соодветно информирани, рече Арсовска во одговор на новинарско прашање до каде е постапката за назначување нови директори, а за тоа кога би биле објавени имињата на новите директори, рече оти тоа ќе биде наскоро, во текот на денот.

Голем дел од јавните претпријатија во Град Скопје во изминатиот период останаа без директори, бидејќи директорите кои беа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги напуштија своите функции.

Оставки прво поднесоа директорите на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски и на депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Потоа оставки поднесоа и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, на „Лајка“ Воислав Димитровски и на ЈП „Паркови Зеленило“ Ангеле Сотировски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни