Пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска денеска на прес конференција во однос на поднесената иницијатива за референдум од страна на Левица до Државната изборна комисија, вели дека сепак би оставиле предлогот да стигне во Собранието.
„Официјално да дојде пред нас пратениците, да го разгледаме нивното прашање за референдумот и дури тогаш да го дадеме нашето мислење. Во секој случај останува неспорен фактор дека Левица заедно со ВМРО-ДПМНЕ се најголемите кочничари за евроинтегративните процеси на државата, овој предлог за референдум и претходниот што беше на ВМРО-ДПМНЕ тоа недвосмислено го покажуваат“, вели Тасевска