Македонија

Да се повлече месен нарезак од продажба оти има свинско месо, бара Исламската Верска Заедница од Македонија

Да се повлече месен нарезак од продажба оти има свинско месо, бара Исламската Верска Заедница од Македонија

Исламската верска заедница од Македонија бара повлекување на производ месен нарезак, бидејќи во него имало свинско месо, а притоа на паковката содржело лого на Халал Стандард.

Ова брање тие го упатија до Стокомак.

„Во вашите маркети се продава Месен нарезак, произведнено од Гурмес, потекло од Република Србија, и убозник за Република Северна Македонија е Стокомак ДОО, ул. Димо хаџи Димов, бр.6-Б, Скопје. Во истиот производ има лого на Халал Стандард а во делот на состојки има и свинско месо 40%“, се вели во испратеното соопштение.

Во истото додаваа:

„Поради што Агенција за Халал Стандард на Република Северна Македонија која функсионира во рамките на Исламска Верска Заедница на РСМ, е едеиствено надлежно тело за сертифицирање на Халал стандард, и контрола на халал производи, поради чување на достоинството на Халал лого како и поради избегнување на можна заблуда на потрошувачите муслимани во Вашите маркети, бараме од Вас, ургентно да го повлекувате тој производ од вашите маркети, и за тоа да биде известено јавноста, во спротивно ќе бидеме принудени да ги земеме сите потребни прави дејствија.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни