И денеска во реката Вардар продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој вчера излетал од патот и завршил во реката, кај тетовска Желина.
Возилото кое вчера со градежна механизација беше извадено од Вардар е од типот „голф 4“ со кумановски регистерски таблички, но во него не се затекнати лица, ниту возачот, ниту можните патници кои можеби биле во автомобилот, што покрена сомнеж. дека течението на реката можеби ги однело. Се дознава дека зад воланот било 22-годишно момче.
Оваа информација ја потврдија и самите членови на неговото семејство, но не се знае дали во возилото имало други патници во моментот на несреќата.
Акцијата за пребарување започна синоќа, но беше прекината кога се стемни, за да продолжи во раните утрински часови денеска.
Од СВР Тетово информираат дека потрагата во водите на Вардар почнала во 8 часот, додека тетовската полиција трага од двете страни на реката. Вчера покрај специјализираниот тим на МВР, тетовски пожарникари, полицајци и вработени во општина Желина, во потрагата учествуваше и екипа нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување Велес.
ВИДЕО: ТВ21