Премиерот Димитар Ковачевски денеска побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до АД ЕСМ или Министерството за економија контактите за набавка на евтина струја.
„Тоа се адресите до кои опозициската партија треба да се обрати ако навистина има такви контакти и ако сака да помогне“, напомена Ковачевски, одговорајќи на пратеничко прашање.
На ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори дека понудата од говорницата во Собранието дава несериозен тон.
„Видете, самото тоа што дебатира на говорница и на пратенички прашања за вака сериозна работа дава несериозен тон, се знае сериозни луѓе за сериозни теми како разговараат, така да, ќе се воздржам од одговор затоа што верувајте дека и одговорот би бил несреиозен“, додаде Мицкоски.