Христијан Мицкоски е роден на 29 септември 1977 во Скопје, македонски политичар, универзитетски професор и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.
Избран е за водач на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесеттиот конгрес на партијата во Валандово.
Студирал на Машинскиот факултет во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година. Со звањето магистер по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските сртудии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“.
Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ја одбранува докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика.“
Во овој извор наведени се и членови во комисијата за одбрана: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески. Во други извори се вели дека докторирал на други универзитети (во Германија или Италија).