На 28.09.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Стопански двор-Скопје, настанал пожар во ѓубриште во двор од викенд куќа сопственост на Д.Ѓ.(86) од Скопје.
Од пожарот била зафатена и изгорела викенд куќата, при што со повреди се здобил сопственикот, кој бил во неа.
Негов пријател го извадил, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ .
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.