Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата најостро ги осудува заканите за физичка пресметка кон Јаневски

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата најостро ги осудува заканите за физичка пресметка кон Јаневски

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осудува заканите за физичка пресметка упатени од Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, Александар Стојковски врз колегата советник Филип Јаневски.

Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника.

Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа?
Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни