СОПСТВЕНИЦИТЕ НА НАСАДИ избезумено бараат работници за берба на мандарини. Тие објавуваат огласи на социјалните мрежи во кои нудат и превоз, но и зголемување на дневниците. „Итно барам берачи на мандарини. Дневница 300 куни (2457 денари). Плаќам превоз“, е еден од огласите.
Поголемите производители обично имаат постојани берачи кои со години работат кај нив. Кога се берат мандарините, сезонските остануваат на нивите – на пролет берат кељ, карфиол, јагоди, лето лубеници. Проблеми со работниците имаат помалите производители кои бараат сезонски работници само за да берат мандарини, повремено, кога им треба. Имено, работниците одат кај оние кои им нудат целогодишна работа, пишува Слободна Далмација.
Дневница во долината на Неретва од 250 куни (2048 денари) до 300 куни (2457 денари)
Дневната плата на берачите на мандарини во долината Неретва се движи од 250 куни до 300 куни. Сопствениците на плантажите плаќаат и патни трошоци, а некои плаќаат и топол оброк. Во просек, од еден берач се очекува да бере од 30 до 35 гајби со мандарини дневно кои не се кинат со рака. Оние сорти што може да се скинат со рака може да се соберат уште повеќе.
Но, со оглед на недостигот на работници, сопствениците на плантажите се задоволни од оние берачи кои жнеат по околу 20 гајби дневно. На плантажите во долината Неретва ќе се собираат околу 35.000 тони мандарини, но на некои насади родот е преполовен. Имено, раните сорти потфрлија. Првите мандарини се продаваа по цена од 5 куни, потоа 4,20 куни, а сега 3,80 куни.