Македонија

Бизнисот, единствен пат кон ЕУ – стопанските комори од регионот на работна средба

Земјите од Западен Балкан треба да соработуваат повеќе  на економски план, да ја зголемат конкурентноста и да создадат подобра економска соработка. Ова беше фокусот на шестата средба на стопанските комори од земјите од Западен Балкан. Претседателот на Форумот на Стопански комори рече дека земјите од Балканот треба повеќе да работат, да произведуваат и извезуваат повеќе за економски развој на регионот.

„Мислам дека треба да се фокусираме на три нешта, сите заедно, сите земји од регионот и земјоделците од регионот рекоа ДА, сакаме заеднички земјоделски регион, бидејќи станува збор за егзистенција а не за нашите желби, доколку сакаме да бидеме спремни за големиот европски пазар, тогаш треба да бидеме спремни да бидеме продуктивни, да се модернизираме а за да го постигнеме ова, треба да сме обединети“, изјави Марко Чадеш – Претседател на Форумот на комори за инвестиции.

Во меѓувреме, Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија рече дека бизнис секторот е единствен пат кој ќе не одведе до ЕУ.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев истакна дека е многу важно да се подобри и забрза соработката меѓу приватните компании и државите од регионот.

Форумот на комори за инвестиција е шеста асоцијација на стопанските комори на Западен Балкан, тие ги споделија своите искуства за подобар економски развој на регионот од  Западен Балкан.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни