Македонија

1 милион франци инвестиција во 8 проектни центри – „Граѓаните да предложат приоритетни проекти“, рече Фазлиу

Најгенијалните идеи кои доаѓаат од граѓаните ќе бидат поддржани од Министерството за локална самоуправа. Министерот Сухејл Фазлиу, започна со организирање на форуми за да ги информира граѓаните во врска со овие проекти.

„Во рамките на проектот е и компонентата со која се предвидува организирањето на форуми во кои самите граѓани директно заедно со бизнис секторот ќе дадат мислење и ќе одредат приоритети и потреби за проектите за кои тие имаат најмногу потреба, а од наша страна ќе се финансира проект кој ќе биде најприоритетен за самите граѓани во вредност од 111 швајцарски франци, исто така во рамките на проектот ќе се финансираат и проекти и во сите 8 проектни центри во вредност од околу 1  милион швајцарски франци“, изјави Сухејл Фазлиу – Министер за локална самоуправа.

А градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вели дека форумите се за да се дискутира кои проекти треба да се финансираат.

„Доколку зборуваме за Општина Тетово, нормално дека ние имаме подготвени проекти кои вообичаено ги користиме за да аплицираме на разни места и затоа нормално дека имаме наши проекти, но истовремено и Центар за регионален развој, секако дека имаме наши проекти но форумите поради овие причини постојат, всушност имаат за цел да дискутираат и да се постигне заедничка согласност кои проекти ќе се финансираат“, изјави Теута Арифи – градоначалник на Тетово.

Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, порача распределбата на средствата да биде рамноправна.

„Се надевам дека распределбата на средствата за инвестиции во целиот Полошки регион, ќе биде рамноправна и без да се дискриминира ниту една од 9 – те општини во Полошкиот регион. Доставивме наши барања, имаме и наши проекти, ќе зборуваме“, изјави Арбен Таравари – градоначалник на општина Гостивар.

Фазлиу нагласи дека рамноправниот регионален развој, ќе биде императив на целата развојна политика на државата. Швајцарската амбасада е поддржувач на овие проекти. Граѓаните општо имаат малку информации за надворешните фондови.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни