Свет

Експлозија на бензинска пумпа во Ирска, девет мртви

Експлозија на бензинска пумпа во Ирска, девет мртви

Седум лица загинаа во експлозија на бензинска пумпа во северозападниот дел на Ирска, соопшти денеска ирската полиција, цитирана од БТА.

Осум лица се хоспитализирани, а потрагата по други жртви продолжува.

Експлозијата се случила вчера попладне во селото Креалоу. Фотографиите ја покажуваат штетата предизвикана од експлозијата во бензинската пумпа, како и на фасадите на околните згради.

Полицијата, пожарникарите, Ирската служба за брза помош и крајбрежната стража присуствуваа на местото на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни