Македонија

Од депонија до мега парк: Бутел добива нова зелена површина од 50.000 квадратни метри

Од депонија до мега парк: Бутел добива нова зелена површина од 50.000 квадратни метри

Нова рекреативна зона со богати зелени површини, детски игралишта, пешачки патеки и фитнес-содржини се уредува во општина Бутел. Станува збор за проектот „Бутелска Оаза“, кој, според најавата на градоначалникот Дарко Костовски, ќе зафаќа површина од 50.000 квадратни метри.

Костовски информира дека локацијата, која со години била запуштена и претворена во депонија, добива нова намена. Наместо простор за кој, како што наведува, постоеле планови за изградба на висококатници, таму се создава голем јавен парк.

Во рамки на проектот се предвидени плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и уредени зелени површини. Содржините ќе бидат наменети за граѓаните од сите возрасни групи.

Градоначалникот посочува дека проектот се реализира во соработка со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потсетувајќи дека претходно било ветено дека просторот ќе биде трансформиран во зелена површина.

Според Костовски, со новиот парк Бутел ќе добие простор за одмор и рекреација, а зголемувањето на зеленилото треба да придонесе и за подобрување на животната средина и квалитетот на живот на жителите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни