Балкан

Земјотрес со јачина од 5,1 степени во јужна Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени во јужна Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 е регистриран во јужниот дел на Грција, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Центарот првично објави дека јачината била 5,7 степени, но подоцна ја ревидирал својата проценка, забележа Ројтерс. А според Атинскиот институт за геодинамика, земјотресот бил со јачина од 5 степени, додава Асошиејтед прес.

Епицентарот на земјотресот бил во Коринтскиот залив на длабочина од 5 километри.

Земјотресот е регистриран во 1 часот по полноќ по локално време, а бил почувствуван и во Атина, на околу 115 километри од епицентарот. Потресот траел околу 15 секунди, додава Асошиејтед прес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни