Балкан

Во тек е ДДОС напад на интернет инфрструктурата во Србија

Во тек е ДДОС напад на интернет инфрструктурата во Србија

Корисниците може да забележат потешкотии во функционирањето на страницата Republika.rs, како и тешкотии во пристапот до сајтови на домени .RS.

Од извори тесно поврзани со големите провајдери на интернет и инфраструктура во Србија , пристигнуваат информации дека е во тек интензивен DDoS напад на многу точки на интернет инфраструктурата во Србија, вклучително и на делови од мрежата кои се вклучени во работењето на доменот .RS, односно РНИДС, пренесува Политика.

Тешкотиите во функционирањето на страницата можеа да ги забележат и корисниците на Републиката, а беа забележани во 14 часот од голем број на сајтови и нивните посетители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни