Македонија

Андоновски: Со нападите Ковачевски покажува дека е целосно вклучен во аферата „Броило“ од 26 милиони евра, затоа се обидуваат да ја нема во фокусот на јавноста

Андоновски: Со нападите Ковачевски покажува дека е целосно вклучен во аферата „Броило“ од 26 милиони евра, затоа се обидуваат да ја нема во фокусот на јавноста

Со нападите Ковачевски само покажува дека е целосно вклучен во аферата „Броило“ од 26 милиони евра и затоа нема демант и се обидуваат да ја сокријат темата да не биде во фокусот на јавноста, вели Стефан Андоновски меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

Андоновски посочи и дека очигледен е молкот од страна на институциите вклучувајќи го и обвинителството за да се преклопи оваа тема од 26 милиони евра.

– И со нападот со кој Ковачевски се обидува да се извади од темата покажува дека само дека е целосно вклучен во овој скандал и затоа и не постои демант од негова страна дека нема вклученост во овие компании или дека во добивањето на средства во времето додека тој е мандатар, потенцираше тој.

Андоновски нагласи дека очигледна е и желбата оваа тема да не биде во фокусот на јавноста затоа што станува збор за еклатантен пример за злоупотреба и тргување со влијание кое владата го има во поглед на начин да си обезбеди средства за самиот себе.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни