Премиерот Зоран Заев денеска во Клубот на пратениците се сретна со претседателот на движењето Беса, Билал Касами во рамки на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за престојните претседателски избори.
„Денеска разговаравме со премиерот во врска со претседателските избори. За нас како опозициона политичка партија е многу важно пристапот и човекот кој ќе стои на една важна институција во државата. Имаме повќе опции за разгледување, но важна е и оваа опција зошто знаеме дека еден таков кандидат има шанси да добие. Нашата поддршка нема да биде безусловна а најмалку ќе биде за тој претседател да ги штити нашите луѓе од корупција и нелегални работи како што за жал се случувало досега со други партнери.“, изјави Билал Касами од Движењето Беса.
За тоа какви услови ќе бараат за претседателот Касами рече дека треба да е еднаков со сите граѓани и да не ги дели на етнички заедници, да не биде за едните мајка за другите маќеа. Дадени се некои опции треба да ги разгледаме па да одлучиме.
“Во една држава сме каде пред институцијата е личноста, за нас е многу важно името кое ќе стои на оваа важна функција и сигурно дека многу зависи кој ќе биде кандидатот.“, рече Касами.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Касами истакна дека нема став затоа што немаат никаков контакт со нив. „За нив веќе е одлучено и тоа е нивен кандидат“.