Македонија

Минатата недела санкционирани се 202 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

Минатата недела санкционирани се 202 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 10.10. до 16.10.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 81 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни