Македонија

ФОТО: Скопје остана без јавен превоз, ама не поради штрајк на вработените кои немаат земено плата, туку лажна дојава за бомба

ФОТО: Скопје остана без јавен превоз, ама не поради штрајк на вработените кои немаат земено плата, туку лажна дојава за бомба

Скопјани утрово останаа без јавен превоз. Видно нервозни по автобуските постојки не стигнаа на своите работини места, децата на училиште, пензионерите на пазар.

Дека Скопје ќе остане без јавен превоз најавија вработените кои немаат земено плата, но утрово лажна дојава за бомба од вработен ги стави во мирување автобусите од јавниот превоз. Низ Скопје возат само приватните линии кои се малку на број.

Од МВР информираа дека едно лице е приведено.

„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И.  вработен во ЈСП,  по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други  служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Инаку вчера градоначалничката Данела Арсовска најави дека денеска автобусите ќе ги паркираат пред Влада во знак на протест бидејќи не се исплатени пари кон ЈСП за ученички превоз.

Од Влада возвратија дека немаат долг кон ЈСП и дека пари за ученички превоз не се предвидени, бидејќи учениците учеле online.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни