Македонија

„Не сум задоволен од другарството и единството во СДСМ, голем број лица на високи позиции се расправаат кој на која позиција е и каде не треба да биде“, рече Ковачевски

„Не сум задоволен од другарството и единството во СДСМ, голем број лица на високи позиции се расправаат кој на која позиција е и каде не треба да биде“, рече Ковачевски

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски не е задоволен од внатре-партиското единство и другарство во партијата.

„Зошто? Затоа што има голем број на членови особено на повисоки позиции на кои им е поважно, да се расправаат кој на која позиција е и кој на која позиција не треба да биде, наместо да излезат на улица да ги спротистават ставовите со политичките опоненти и на граѓаните јасно и гласно да им порачаат дека се членови на СДСМ, партија која учествуваше во признавањето на МПЦ и канонско единство со сите останати цркви, дека се од партија која ја направи државата членка на НАТО, дека се од партија која историски ја зголеми минималната плата, ги зголеми пензиите, тоа треба да прави вистински член на СДСМ, а не да се седи на страна и да се гледа кој на која позиција бил, кој на која не бил. Така на избори не се победува, се победува како во Маврово-Ростуше кога сите заедно и пратеници, и градоначалник и екс градоначалник и екс пратеници и екс претседатели општински организации застанаа и издвојуваа најголема победа“, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски од Битола.

Крајовски: Утре да се случат избори, СДСМ во Битола ќе победи

Ковачевски додаде дека парламентарни избори ќе има во 2024 година кога „проевропската СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија која ќе го предложи и идниот претседател на Северна Македонија и ќе формира повторно парламентарно мнозинство во Собрание“.

„Има и кои не ме сакаат во Владата особено во пониските ешалоти, оти не сум попустлив и затоа кога ќе ја донесам одкуката не отстапувам од неа. Затоа 300 милиони евра кои беа проектирани сега се скратени. Нема веќе лешници и бадеми, нема веќе морско во Влада, во Влада има да има само работа и грижа за граѓаните“, додаде Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни