Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Битола посочи дека на наредните избори, од ВМРО-ДПМНЕ би сакале коалициски партнер во власта да биде албанската опозиција, но сепак ќе мора да се почитува бадентеровото правило.
„Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира или не со ДУИ, или со било која друга политичка партија, ќе видиме. Нашата амбиција во делот на албанскиот блок е албанската опозиција, но има правило на Бадентер, и мора да го почитуваме. Доколку имаме коалиција со ДУИ, секако со тие луѓе за кои имаме основно сомнавање, нема да бидат дел од мојот кабинет. Секогаш ДУИ напаѓаат дека ВМРО-ДПМНЕ бил во коалиција со Левица. Зошто? Поради во очите на македонските гласачи, Левица да ја направат жртва дека ги напаѓаат криминалците од ДУИ, и да му додадат удар од десно на ВМРО-ДПМНЕ. Ај прашајте Левица со кого е во коалиција во Скопје, Битола, Аеродром, Ѓорче Петров… Еве, поставете го тоа прашање. Нашата цел е да ја урнеме оваа власт“, порача Мицкоски.