Балкан

Хрватска е поддржана од ЕП да влезе во Шенген

Хрватска е поддржана од ЕП да влезе во Шенген

Европскиот парламент денеска гласаше за резолуцијата за прием на Хрватска во Шенген. Одлуката беше усвоена со 534 гласа „за“, 53 „против“ и 25 воздржани.

Европратениците го повикуваат Советот да го продолжи процесот и да донесе конечна одлука за укинување на граничните контроли.

Тие очекуваат да се земат предвид извештаите за повлекување мигранти на хрватските граници, како и независните проценки и мониторинг да се усогласат со меѓународното право.

Пред неполн месец и европратениците изразија поддршка за итен прием на Бугарија и Романија во европскиот простор без гранични проверки.

Се очекува ова прашање да биде ставено на гласање на состанокот на Советот на ЕУ на 8 декември. За позитивна одлука е потребно едногласност.

По гласањето, известувачот Пауло Рангел рече дека Хрватска доживеала најсеопфатна проценка за членство во Шенген од која било земја во ЕУ досега. „Имплементирано е 281 препорака во 8 области од шенгенското законодавство. Комисијата и Советот ја потврдија подготвеноста на земјата за целосно спроведување на Шенген правилата. Европскиот парламент целосно се согласува – отстранувањето на контролите на внатрешните граници треба да се направи до крајот на оваа година“, додаде тој

На 9 декември 2021 година, Советот потврди дека Хрватска ги исполнила сите неопходни услови за целосно спроведување на правилата на Шенген.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни