Две ракети паднаа на полска територија, а полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот Комитет за безбедност и одбрана, изјави неговиот портпарол.
Во градот Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница се случи експлозија, а според првичните информации загинале две лица.
Висок функционер на американската разузнавачка служба потврди дека руски ракети паднале врз Полска, членка на НАТО .
Во вторникот, Русија гранатираше градови и енергетски објекти низ Украина, вклучувајќи го и Лавов, град на западот од земјата во близина на Полска.
Објавена е и првата снимка од местото на нападот.
WATCH: First video from the scene in Poland where 2 missiles are believed to have fallen pic.twitter.com/3M3rB0y8Nf
— BNO News (@BNONews) November 15, 2022