Свет

Русија се огласи по падот на две ракети врз Полска: „Намерна провокација“

Русија се огласи по падот на две ракети врз Полска: „Намерна провокација“

Руското Министерство за одбрана ги коментираше извештаите за наводните руски ракети кои ја погодиле полска територија, велејќи дека тоа е „намерна провокација“.

Откако вечерва паднаа две ракети врз Полска, се огласи и Русија, велејќи дека извештаите за полските напади се „намерна провокација“.

Руското Министерство за одбрана ги коментираше извештаите за наводните руски ракети кои ја погодиле полска територија, велејќи дека тоа е „намерна провокација“, јавува Би-Би-Си.

„Полскиот премиер свика итен состанок на владиниот комитет за безбедност и одбрана“, објави неговиот портпарол.

Како што е објавено на социјалните мрежи, две залутани ракети паднале во градот Пржеводов во Полска на границата со Украина, пишува wiadomosci.radiozet.pl.

Ќе ја браниме територијата на НАТО: Земји членки на Алијансата со први реакции за руски ракети во Полска

Удриле во сушарите за жито. Две лица загинаа, а на терен се полицијата, обвинителството и војската.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни