Доналд Трамп повторно ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година, пренесоа светските агенции.
„За да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на САД. Се кандидирам затоа што верувам дека светот допрва треба да ја види вистинската слава на она што може да биде оваа нација. Повторно ќе ја ставиме Америка на прво место“. Трамп ова им го кажа на своите поддржувачи во одморалиштето Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.
Неговиот обид да се кандидира на следните претседателски избори доаѓа само една недела по слабиот настап на републиканците на среднорочните конгресни избори.
Далеку од тоа да биде неприкосновен лидер на партијата, тој сега е на удар на некои негови сојузници, кои велат дека е време републиканците да погледнат кон иднината . Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, се појави како ѕвезда во подем меѓу републиканците.