Свет

Кулеба: Никој не треба да верува во руската пропаганда

Кулеба: Никој не треба да верува во руската пропаганда

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба негираше дека ракетите што паднаа во Полска дошле од Украина и ја обвини руската пропаганда за оваа верзија.

Сега Русија шири теорија на заговор дека украинска ракета за воздушна одбрана паднала врз полската теорија. Што не е точно. Никој не треба да верува во руската пропаганда или да ги засилува нејзините пораки. Оваа лекција требаше да се научи долго откако беше соборен #MH17, напиша министерот на својот Твитер профил.

Два проектили од руско производство синоќа погодија полска територија, при што загинаа две лица. Првично беше објавено дека проектилите се руски. Меѓутоа, подоцна американскиот претседател Џо Бајден коментираше дека проектилите можеби не биле лансирани од Русија.

Полскиот претседател Анджеј Дуда потврди дека, според првичните информации, ракетата што ја предизвика експлозијата во источна Полска и загинаа две лица е произведена во Русија, но нагласи дека во овој момент нема доволно дефинитивни докази за тоа кој ја испукал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни