Свет

Киев сака да создаде зона за забранети летови над Украина

Киев сака да создаде зона за забранети летови над Украина

Треба да се прогласи зона на забранети летови над Украина, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, цитиран од ДПА.

Министерот ова го изјави откако ракета падна на територијата на соседна Полска, при што загинаа две лица. Инцидентот ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот во Украина.

„Бараме да се затвори небото затоа што нема граници. Нема граници ниту за неконтролирани ракети. Како и за заканите што тие ги претставуваат за нашите соседи од Европската унија и НАТО“, напиша Резников на Твитер. „Ова е реалноста на која предупредувавме“, додаде министерот.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска изјави дека вината за какви било „ракетни инциденти“ е во Русија, бидејќи ја започнала инвазијата на Украина, пренесе Ројтерс.

„Според мене, треба да следиме само една логика. Војната ја започна и ја води Русија. Таа врши масовни напади против Украина со крстосувачки ракети“, рече советникот во писмената изјава откако американскиот претседател Џо Бајден проектилот кој однесе животи на две лица во Полска, веројатно не лансиран од Русија.
„Русија го претвори источниот дел од европскиот континент во непредвидливо бојно поле. Намерата, средствата за егзекуција, ризиците, ескалацијата – сето ова потекнува од Русија. И не може да има друго објаснување за какви било ракетни инциденти. – додаде Подолиак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни