Свет

Емануел Макрон ќе ја посети Кина

Шефот на француската држава најави дека ќе ја посети Кина во јануари, објави Фигаро.

Емануел Макрон разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг, а двајцата разговараа за посетата на самитот на Бали.

Јасно е дека тоа ќе се случи на почетокот на наредната година. Франција се надева дека ќе ја вклучи Кина во водечка посредничка улога во изнаоѓањето решение со Русија.

Иницијативата трае веќе неколку месеци. Франција се обидува да ги ангажира земјите кои се обидуваат да држат дистанца од спорот со руската влада.

Макрон е убеден дека Кина може да одигра важна улога. Се очекува со поддршка од земјава руските претставници да бидат убедени да го променат својот курс.

Во јануари Кина ќе ја посети и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ќе бара зближување меѓу двете земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни