Свет

Најмалку 21 лице загинаа во пожар во станбена зграда во Појасот Газа

Најмалку 21 човек загинаа, а неколку се повредени во пожар што избувна во зграда во Појасот Газа.

Пожарот избувна во станбена зграда во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.

Џабалија е еден од осумте бегалски кампови во тој регионот. Во Појасот Газа живеат 2,3 милиони луѓе, поради што е најгусто населена област во светот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни