Повеќе од 10 милиони Украинци се без струја, соопшти синоќа претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесе Франс прес.
„Во моментов повеќе од 10 милиони Украинци се без струја“, особено во регионот на Киев, рече шефот на украинската држава во своето редовно телевизиско обраќање.
Неколку украински градови, а потоа и главниот град Киев, вчера беа цел на руски напади, што се совпадна со првите снежни врнежи во земјата погодена од моќта, каде температурите може да паднат до минус 10 степени.
Овие бомбашки напади, насочени од октомври против енергетската инфраструктура на Украина, редовно лишуваат милиони Украинци не само од електрична енергија, туку и од снабдување со вода.
Националниот оператор за електрична енергија Укренерго вчера најави продолжување на прекините на струја поради „влошување на ситуацијата“.
Поради остриот студен бран, потрошувачката на електрична енергија е зголемена во регионите на Украина, што дополнително ја усложнува и онака тешката ситуација во електроенергетскиот систем, а тоа доведува до пообемни ограничувања на потрошувачката на енергија низ целата земја, рече Укренерго.