Шефот на американските демократи, Ненси Пелоси, објави дека се повлекува од функцијата, објави Вашингтон пост.
Во изминатите четири години, Пелоси беше претседател на Претставничкиот дом.
По изборите во САД, контролата се префрли на републиканците.
„Нема да барам реизбор на лидерската позиција. Дојде време новата генерација да ја преземе функцијата“, најави Пелоси.
Таа беше водечка фигура за демократите. Таа ќе продолжи да биде законодавец.
Наскоро се очекува да бидат објавени нови опции за оваа функција. Се избираат кандидати.
Се очекува наскоро да се одржи гласање.