Свет

Поради високите сметки за струја: Пабовите на Островот го намалија работното време

Поради високите сметки за струја: Пабовите на Островот го намалија работното време
Pub Closed Blackboard or Chalkboard Sign Due to Coronavirus COVID-19 Pandemic

Многу пабови, ресторани и кафулиња во ОК го намалија работното време во изминатите 3 месеци во обид да ги ограничат трошоците за енергија.

Анализата на Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија открива дека, како резултат на зголемените трошоци за енергија, 21% од претпријатијата го намалиле работното време, иако не го намалиле бројот на денови на работа.

И 6% од компаниите во секторот пријавиле затворање повеќе денови за да заштедат пари. Повеќето од овие фирми ги посочуваат цените на електричната енергија како причина за најголема загриженост во ноември. Последното зголемување на електричната енергија во ОК во октомври беше повеќе од 80% и беше второ во годината.

Песимизмот опстојува и покрај тоа што британската влада во септември вети дека ќе покрие дел од сметките за енергија на бизнисите.

Бизнисите во услужниот сектор на Островот, поврзани со продажбата на храна и пијалоци, се особено погодени од повисоките цени на електричната енергија – 58% од нив изјавија дека тоа е нивната најсериозна грижа . Речиси 41 од 100 компании најавуваат дека очекуваат ваквата состојба да доведе до поскапување во ноември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни