Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран југозападно од индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC. Се уште нема извештаи за евентуални штети. Земјотресот се случил на 212 километри југозападно од градот Бенгкулу, соопшти американскиот сеизмолошки центар УСГС.

Жителите не го почувствувале земјотресот

Епицентарот бил во близина на малиот остров Енггано. Жителите на Бенгкулу, контактирани од АФП, рекоа дека не чувствуваат речиси ништо.

„Чудно, воопшто не почувствував ништо. Бев надвор, разговарав со мојот сосед, не ни сфативме дека има земјотрес“, изјави 34-годишниот Хендри Таспарило за Франс прес.

Индонезија се наоѓа на пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што се чести земјотресите. Во јануари 2021 година, земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Сулавеси, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници останаа без домови во крајбрежниот град Мамуџу.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни