Ранчот Долината на елените навистина наликува на бајка, особено во зима. Утрово под снежна покривка се разбуди и Долина Јелена, а на сите што денеска ќе отидат таму им завидуваме.
Долината на елените се наоѓа во близина на Плитвичките езера, а на ранчот има многу срни, елени кои мирно шетаат и се дружат со посетителите.
View this post on Instagram
Фотографиите направени во долината на елените се навистина магични, особено зимските. Погледнете како изгледаше минатата зима.
Ранчот Долина јелена работи како дел од ОПГ Биќаниќ, кој се занимава со одгледување елени и срни. Ранчот се наоѓа во областа на градот Дрежник и се простира на површина до 15 хектари, кои покриени со снег изгледаат навистина магично. За да ја посетите, треба да се најавите на домаќините.