Балкан

Земјотрес кај Задар: „Беше остар и краток“

Земјотрес кај Задар: „Беше остар и краток“

УТРОВО нешто пред 7 часот жителите на Задар и околината почувствуваа слаб земјотрес.

„Утрово, 23.11.2022 година, во 6 часот и 50 минути, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа слаб земјотрес со епицентар на 8 километри источно од Задар, во близина на градот Црно. Магнитудата на земјотресот изнесувал 2,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил III степен ЕМС скала“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

„Удри“, „Остро и кратко“, „Силен татнеж, се тресеа вратите и прозорците“, се дел од коментарите на апликацијата EMSC.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни