Неколку украински амбасади во странство добиле „крвави пакети“ со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
Вчера беше објавено дека серија писма-бомби биле испратени на неколку локации во Шпанија, вклучително и на украинската амбасада во Мадрид.
Пакети натопени во течност со карактеристична боја и мирис се испратени до амбасадите на Киев во Хрватска, Унгарија, Холандија, Полска и Италија, генералните конзулати во Неапол и Краков и конзулатот во Брно, напиша на Фејсбук портпаролот Олег Николенко.