Балкан

Се самоуби убиецот на трудницата – полицијата преговарала со него, но одбил да се предаде

Се самоуби убиецот на трудницата – полицијата преговарала со него, но одбил да се предаде

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља соопшти дека убиецот на бремената 35-годишна жена, 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата.

Тој бил локализиран од органите на прогонот, но и покрај обидите да се преговара со него, тој одбил да се предаде и извршил самоубиство.

„По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот“, напиша Свечља на неговата Фејсбук страница.

Инаку, сегапочинатиот Халили ја уби својата сопруга, со која биле во процес на развод, и истата била во 9-тиот месец од бременоста.

Убиството се случи во дворот на Гинеколошката клиника во државната болница во Приштина каде требало да се породи.

Била застрелана со три куршуми од пиштол, при што ни таа, ниту бебето не преживеаа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни