Балкан

Бугарската еврокомесарка ѝ се налути на Холандија поради ветот: Сака во Шенген

Бугарската еврокомесарка ѝ се налути на Холандија поради ветот: Сака во Шенген

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, Холандија да не го поддржи влезот на Бугарија во Шенген.

Габриел истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Габриел изрази надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот совет треба да ја донесе конечната одлука.

Габриел наведе дека и е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји – Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни