Балкан

Сите пријави за бомби се лажни во Хрватска, извршени се сите полициски проверки

Сите пријави за бомби се лажни во Хрватска, извршени се сите полициски проверки

Утрово судовите низ Хрватска добија пријави за бомби, а потоа и трговски центри. Вработените биле евакуирани, а по претрес во просториите било утврдено дека се работи за лажни пријави.

„Околу 17:00 часот завршија сите проверки на анонимно добиени пријави за наводно подметнати експлозивни направи во објекти/згради на правосудни органи и трговски центри во сите 20 полициски одделенија низ Република Хрватска.

Противексплозивен увид и увид на полициски службеници во соработка со безбедносните служби на трговските центри утврди дека сите пријави се лажни“, соопштија од полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни