Македонија

Скопје без ниту еден новогодишен украс, Град Скопје не одговара на прашањето дали ќе се украсува

Скопје без ниту еден новогодишен украс, Град Скопје не одговара на прашањето дали ќе се украсува

Град Скопје не одговара на новинарските прашања, дали Град Скопје ќе се украсува за новогодишните и божиќни празници.

Останатите метрополи во регионот веќе се во новогодишниот дух, додека во Скопје има сивило. Блокирани се булеварите, а плоштадот има само еден „украс“ уништена фонтана.

ФОТО: Растурена фонтана, „нов“споменик на плоштадот во Скопје, вреден 700 милиони евра

Со години, Скопје кон почетокот на декември веќе бил украсен, елката на Плоштад пуштена да свети или пак украсувањето било при крај, но строгиот центар на градот веќе бил во новогодишна атмосфера.

Лани Арсовска кажа дека Градот веќе нема да дава пари на приватни фирми, туку ќе се купат лампиони и со нив ќе се украсува. Но, според податоците од Бирото за јавни набавки, не е спроведена ниту постапка за набавка на украси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни