Жителите на Крива Паланка од синоќа се во можност да уживаат во претпразничната магија во пресрет на новогодишните празници.

Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот за нови насмевки, радост и незаборавни моменти за време на највеселите празнични денови што претстојат. 
-Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината. Сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните да бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка. Секогаш е задоволство кога тоа што го работиме, го работиме со љубов. Работиме со срце за Крива Паланка, рече градоначалникот Сашко Митовски.

Тој упати благодарност до иселениците од градот, од Франција, Германија и Соединетите Американски држави, кои овозможуваат и во услови на енергетска криза градот да биде празнично украсен.


