Судијката Лидија Чечева која е една од петте судии од Апелацискиот суд кои ја укинаа пресудата за ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Никола Бошковски, Гордана Јанкулоска и други, за масновото прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ е во пензија уште од 7 декември, пренесе „СДК.МК“.
Одлуката на Судскиот совет е објавена и на официјалниот вебсајт.
„2. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија:
– Виолета Поповска, судија на Апелационен суд Скопје
– Лидија Чачева, судија на Апелационен суд Скопје
– Славица Тоиќ, судија на Основен суд Тетово и
– Лилјана Јанкова, судија на Основен суд Штип.“, се вели во соопштението од Судскиот совет.