Семејствата на исчезнатите лица повторно на протест пред Собрание. Наместо да нѐ чуваат нас, нека ја испратат полицијата да ги бара нашите сакани, порача еден од демонстрантите кои денеска од пред законодавниот дом испратија пораки дека безбедноста во Македонија не е на завидно ниво. Таткото чиј син веќе некое време е исчезнат, вели дека од МВР му рекле дека се работи на пронаоѓање на неговиот син, за кого нема никаква трага уште од 23 јануари.
„Арбен е исчезнат од 23 јануари. Во 22 часот и 30 минути излезе од дома и оттогаш нема никаква трага од него. Контактиравме со министерот, заменик-министерот за внатрешни работи и со другите надлежни. Ни рекоа дека работат на случајот, но дека сега за сега немаат никаква трага“, изјави еден од демонстрантите.