Повеќе од 24 часа во бегство е А.Н 29 годишен од Велес, кој со голема брзина ја прегази и уби 11 годишната Викторија од Велес, која со својата мајка преминувала на пешачки премин, дознава 4NEWS.mk. Полицијата се уште трага по велешанецот.
По ударот во девојчето и неговата мајка, тој бега од местото на настанот, но регистерските таблици му испаѓаат и полицијата успева да открие кој е сопственик на Мерцедесот кој го усмрти 11 годишното девојче. Возилото е пронајдено, но по возачот се уште се трага.
Целата несреќа се случува пред очите на двајцата родители. Сите веднаш се однесени во општата болница Велес, на девојчето е констатирана смрт, мајката се здобила во повреди, но утринава е испуштена од болница.